еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Подрачјето на Македонија од утре до средината на следната седмица ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурите значително ќе се намалат.

Во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е бизнисменот Ајдован Адемоски: Од „Стоун бриџ хотел“ до империја која го купува „Рамстор“

Редакција

Професор Трајковски: Од Ковид-19 изгубивме население еквивалентно на град со големина помеѓу Ресен и Виница

Редакција

Стефанова, Ајро, Пеливанов, ПоП Трајкова и Колариќ се нови обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница