еМагазин
Image default
Македонија

Одложено судењето за „Тврдина-Таргет”, обвинетата Николиќ со влошена здравствена состојба

Влошената здравствена состојба на обвинетата Надица Николиќ, го одложи денешното рочиште за судскиот предметот „Тврдина-Таргет”.

Адвокатот Љупчо Шврговски изјави дека матичниот лекар  ја известил обвинетата дека лекувањето ќе трае 10 до 15 дена. Одбраната воедно, истакна дека диjагнозата на обвинетата е акутен бронхит и истата прима антибиотици.

Кривичниот совет предводен од судијката Џенета Бегтовиќ, во овој случај изјави дека за денеска ќе го оправдат отсуството на обвинетата, но тоа не значи дека ќе го направат и на 15 јануари, на следното рочиште. Во меѓувреме од судот најавија дека ќе стапат во контакт со матичниот лекар за дополнителни информаци.

Денеска на предлог на одбраната беше предвидено да сведочат Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, двајцата укажувачи кои го обеледенија скандалот со масовното незаконско прислушување. Но, пред да се одложи денешното рочиште одбраната изјави дека го повлекува предлогот за лицето Ѓорѓи Лазаревски да биде сослушан како сведок.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен суд: Не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Србија

Редакција

Даниела Рендевска е именувана за в.д. претседател на Инспекцискиот совет, на местото на Филиповска-Грашкоска

Редакција

Мицкоски прифаќа лидерска за проблемите на граѓаните, за уставните измени- не

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница