еМагазин
Image default
Македонија

Остранети проблемите со апликацијата за попишување, Пописот продолжува

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека денеска во претпладневните часови се појавиле спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен, оти тие се успешно остранети, како и дека не се должеле на паѓање на интеретот, туку најверојатно на поголемиот број сесии што се одвивале истовремено.

Додека траеле техничките проблеми биле попишани речиси 10 илјади лица.

-Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено.

Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии, се вели во соопштението од ДЗС.

Колку за илустрација, велат од Државниот завод за стстистика, во тие два-три часа додека траеле техничките проблеми, биле попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за, како што велат, несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата „подели“ апанажа: Кои се функционерите кои ќе земаат плата иако се разрешени?

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: Бројката во Чаир од над 400 се намали на 55

Редакција

(Галерија) Втор ден протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје во 10 градови низ Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница