еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски за турското барање за екстрадиција: Мораме да ја следиме политиката на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска од Брисел порача дека за барањата на официјална Анкара за екстрадиција на неколку лица осомничени за терористички активности, Северна Македонија мора да ги следи домашните закони, но и да се усогласи со европските партнери.

Од петнаесет случаи кои се побарани од страна на Турција до сега, пет не се наоѓаат на македонска територија моментално, за пет се во тек судските процедури, а за останатите пет државата побарала дополнителни детали од турските власти, прецизираше претседателот на државата.

Им рековме на нашите турски пријатели дека ги почитуваме нивните барања, но дека мора да ги погледнеме нашите домашни закони, сѐ мора да биде во согласност со македонското законодавство и со законодавството на ЕУ, ние мораме да ја усогласиме нашата политика со таа на ЕУ, но на крајот на краиштата одлуката е кај институциите, порача Пендаровски.

Турција се закани со блокада на ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО на Северна Македонија доколку не и бидат испорачани осомничените ѓуленисти.

Пендаровски нагласи дека Турција е голем пријател на Северна Македонија и еден од најголемите поддржувачи на влезот на земјата во НАТО Алијансата.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 644 лица за неносење маска

Редакција

Не се знае кој пукаше во градоначалникот на Арачиново, објавени фотографии од повредените

Редакција

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај, тврди министерот Сали

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница