еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По Кичеец и Камчев и Мијалков стана жител на Охрид: Затворската казна ќе ја издржува во Струга

По Зоран Милевски – Кичеец и Орце Камчев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков ја променил адресата на живеење, од Скопје во Охрид, што значи дека затворската казна, која му беше изречена за случајот „Империја“ ќе ја одлежи во затворот во Струга.

Информацијата за Телма ја потврдија од Кривичиот суд, а доаѓа неполни две недели откако поранешниот шеф на тајната служба, призна вина и се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Со спогодбата, Мијалков беше осуден на три години затвор и ќе треба да исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот „Мериот“. Одземен му е и имот во вредност од околу 30 милиони евра.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Заев ескивира од фудбал со министрите, повеќе сака во недела да вози мотор

Редакција

Испечатените електронски документи ќе имаат иста важност како и оригиналните

Редакција

459 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Штип и Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница