еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

По железничката несреќа, министерот за транспорт на Грција поднесе оставка

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица.

-Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично, вели Караманлис во писмената изјава.

Објаснува дека кога се случува нешто толку трагично, не е можно да се прават дека не се случило, и додава дека иако е кусо време во политиката, смета дека „неопходен елемент на демократијата е граѓаните да му веруваат на политичкиот систем“.

-Ова се нарекува политичка одговорност. Поради тоа поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и инфраструктура. Чувствувам должност да го сторам ова како минимален знак на почит кон луѓето кои толку неправедно заминаа и преземајќи ја одговорноста за безвременските грешки на грчкиот државен и политички систем, вели Караманлис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу прашања, малку одговори: Како се случи железничката несреќа во Грција, преживеаните сведочат за пеколот низ кој поминале

(Видео+фото) Најголем дел се студенти: Расте бројот на загинати во железничката несреќа во Грција

МИА/Фото: Фејсбук/Караманлис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рестораните треба да го следат примерот на Етно гостилница „Три“: Прометот уплатен за лекување на Сандра

Редакција

Вкупно 238 случаи на Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција

(Фото) Без маски се славеше роденденот на Ахмети во новиот објект на министерството со кое раководи Груби

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница