еМагазин
Image default
Македонија

Поднесено обвинение за поранешен градоначалник на Неготино

Обвинителството од Кавадарци до Судот во Неготино поднесе обвинение за поранешен градоначалник на Неготино за злоупотреба на службената положба.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Јавното обвинителство на РМ.

Обвинителството утврдило дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.

Како што е наведено во соопштението, обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи, Законот за државни службеници, Законот за административни службеници и Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 отсто од износот на основната плата пресметана по час.

Обвинетиот го извршил кривичното дело и нанел штета на Буџетот на Општината, со тоа што потпишал на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 отсто за час, без да постои поединечно решение и извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Милошоски пушти аудио-снимка во Собранието: З.З знаел чии биле парите, за Боки 13 да ја финансира телевизија

Редакција

Видео обраќање на Заев до граѓаните за престојниот референдум: Ова не е избор меѓу две партии, туку избор за вашата иднина

Редакција

Во Албанија нема бугарско малцинство, вели лидерот на единствената македонска партија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница