еМагазин
Image default
Локално

Пожар во пилана во Битола, гореше куќа во Прилеп

На 19.01.2019 година во 16.05 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на булевар „1-ви Мај“ во Битола во објект-пилана, сопственост на приватна фирма, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.

На 20.01.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во Прилеп на улица „Димче Антулески“ во куќа сопственост на С.М.(77). Од екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат.

Од пожарот целосно била опожарена дневната соба и уште една помошна просторија со мебелот. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец ја претепал партнерката со која живеел во вонбрачна заедница

Редакција

Наместо како манекенки завршиле на сајт за интимни средби

Редакција

Приватните превозници наплатувале билети, а парите не ги пријавувале, обвини Арсовска и најави нов јавен повик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница