Од Кривичниот суд Скопје потврдија дека е одредена мерка притвор за уапсените А.К. (22) и К.Л. (19), кои се снимени од камерите како го напаѓаат ракометарот Денис Тот, кој падна во бессознание, а потоа почина на КАРИЛ.
„Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, судија на претходна постапка донесе решение да го прифати предлогот на Обвинителството и на двајцата приведени им одреди мерка притвор, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата“, соопштија од Кривичен суд Скопје.
Првоосомничениот А.Ѓ е во бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се „препукуваат“ за Денис Тот: Зошто смртта на ракометарот се политизира?