еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Монструм”

Судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско езеро во април 2012, познат како „Монструм” денеска продолжува во Кривичниот суд Скопје. Ова е прво рочиште по завршување на судската ферија.

Случајот е во фаза на доказна постапка. Сведоците на обвинителството скоро се при крај, односно на едно од следните рочишта би требало свој исказ да даваат сведоците предложени од одбраната.

Повторувањето на судењето за „Монструм” како сведоци пред Кривичниот суд Скопје ги донесе поранешните високи функционери во МВР, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Исто така, свој исказ дадоа и политичките функцинонери Зоран Заев и Али Ахмети.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во штипскиот регион излекувани 25 пациенти од коронавирусот

Редакција

Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ

Редакција

Екс директорите Нино Васев и Нехат Нухи и тројца доктори осомничени за случајот “Онкологија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница