еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Во Македонија е можен колективен имунитет само на источноазиски начин

Проф. Дејан Трајковски, кој редовно прави анализи за состојбата со Ковид-19 во Македонија, анализира дали во Македонија е можен колективен имунитет.

“Дали е можен колективен имунитет? Можен е, на источноазиски начин, со голема самодисциплина и доследна примена на превентивните мерки. Тоа повеќе зависи од самото население, а помалку од државниот апарат и полицијата. Ем е поевтино, ем речиси нема човечки жртви.

Од друга страна, со гужви и разуздано однесување гледаме дека дури ни вакцините не можат да воспостават колективен имунитет. Згора на се, има многу повеќе смртни случаи, а за трошоците и економијата да не зборуваме.

Но, тука не може ништо да се стори. Вниманието кон другите луѓе, чија благосостојба се става над личната удобност, се дел од културата на јапонскиот народ, нешто што се учи уште од мали нозе. За нас е веќе предоцна, па секој со својата памет“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Сите здрави возрасни лица, а особено постарите од 60 години е пожелно да се вакцинираат

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забранет извозот на огревно дрво, пелети, пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината

Редакција

(Видео) Венецуела на работ од граѓанска војна, светските сили повторно поделени

Редакција

Најчитани на еМагазин во 2021: Хронично болните и невакцинираните да не одат на свадби и веселби на затворено, голем е ризикот да заболат, советува Пановски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница