еМагазин
Image default
Македонија

Против Ковид-19 вакцинирани 50% од осудениците во штипскиот Затвор

Тим од здравствени работници денеска во штипскиот Затвор имунизираа 85 осуденици, кои пројавиле интерес да се вакцинираат против Ковид-19.

Дијана Коцева-Миланова, одговорен лекар на вакциналниот пункт во Штип вели дека ова е дел од теренските активности на здравствените работници од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, кои се вклучени во процесот на имунизација.

Се прави планот и за посета на сите штипски и карбински села, со цел да им се излезе во пресрет на повозрасното население, кое сака да се имунизира. Во текот на утрешниот ден ќе го објават планот, за да жителите од руралните средини знаат, кога екипата ќе пристигне во нивното село и каде ќе се аплицираат вакцините.

– На пунктот во салата „Јордан Мијалков“ веќе доаѓаат родители, кои прашуваат за вакцинирање на нивните деца, кога ќе ги добиеме насоките од Министерството за здравство ќе објавиме и ќе го информираме населението, вели Коцева-Миланова.

Вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ ќе биде отворен до крајот на месецов, каде што граѓаните кои ја примиле првата доза и ќе бидат ревакцинирани, а од понеделник се отвара и пунктот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, каде што граѓаните ќе ја примаат првата доза на вакцина.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деветгодишно дете и 44-годишен од Росоман позитивни на Ковид-19

Редакција

Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година

Редакција

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“, случајот за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница