еМагазин
Image default
Македонија

Раководството на СДСМ ќе ja анализира досегашната коалиција со ДУИ

СДСМ вечерва на состаноците на Извршниот и Централниот одбор на партијата, покрај за кадровските решенија за техничката влада, ќе ја анализира и досегашната коалиција со ДУИ.

Премиерот Зоран Заев попладнево на прес-конференција во Владата рече дека ќе се разговара за коалицијата, бидејќи ниту амандманите се повлечени, ниту нешто се случило и оти тоа е лошата порака добиена од партнерот.

„Таа анализа е отворена на сите работни состаноци. Верувам дека денеска на високата политичка координација на Извршниот и на Централниот одбор ќе направиме анализа на коалицискиот аспект на дејствување и на евентуалното продолжување или непродолжување.

Ќе направиме анализа на нашите следни чекори така што до крајот на годината ќе направиме сеопфатен осврт. Верувам дека покрај кадровските одлуки што ќе ги донесеме, ќе изградиме и значајни стратегиски аспекти кои ќе им ги соопштиме на граѓаните“, истакна Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, велат од СДСМ

Редакција

ДУИ ќе има пет заменици министри и пет државни секретари

Редакција

Македонија тргната од „црвената листа“ на Германија: Кои се новите правила за влез

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница