еМагазин
Image default
Локално

Штипјанец наседна на измама со огревни дрва

На 12.03.2019 во 13.15 часот во Полициската станица Штип, С.И.(68) од Штип пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, лицето дошло во неговата куќа и му понудило огревни дрва со документи, но кажал дека камионот му бил паркиран во насeлба Сењак во Штип и тргнале да ги видат дрвата, информира МВР.

Исто така, според пријавеното, во еден момент непознатото лице му кажало на С.И. да почека и дека тој ќе дојде со камионот. Во меѓувреме, лицето отишло во неговиот дом и од неговата сопруга побарало 11.000 денари за дрвата. Таа му дала 11.000 денари, по што лицето заминало. Откако С.И. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во сообраќајката кај Битола загина 42-годишен битолчанец

Редакција

Несекојдневен обид за убиство во Скопје: Го намамил на состанок со девојка преку социјалните мрежи и го изрешетал

Редакција

Сите детали за убиството во Прилеп: Христијан Конески е убиецот што остави без мајка 10-годишно дете

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница