еМагазин
Image default
Локално

Трагедија во Претор: Сопружници запалиле гранки во нивната бавча, мажот се загушил од густиот чад

На 27.09.2021 во 17.57 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во с.Асамати, ресенско, во близина на шумска куќа на Јавно претпријатие „Национални шуми“, во атар на с.Претор, настанал пожар при што горела сува трева и стрниште.

„Полициски службеници и Јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л.(62) од с.Претор, а смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош.

По преземени мерки било констатирано дека М.Л. и неговата сопруга Н.Л.(56) запалиле гранки во нивна бавча на место викано „Крива нива“ од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција,“ се вели во билтенот на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео/фото) 70.000 посни сарми, 200 килограми грав и 350 килограми риба на заедничката трпеза за Свети Никола во Прилеп

Редакција

Приведен малолетник кој „оперирал“ во Штип: Извршил 12 кражби и разбојништва

Редакција

Почина пешак по удар од „фиат пунто“ во Виница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница