еМагазин
Image default
Локално

ЈСП со апел до несовесните возачи: Паркирајте прописно, автобусите не можеа да стигнат до Средно Водно

Во пресрет на претстојниот викенд, ЈСП апелира до сите граѓани кои планираат да го посетат Водно со автомобил, да се паркираат прописно на обележаните паркинг места, како возилата на ЈСП Скопје би стасувале непречено до крајната станица на Средно Водно.

„Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа со големо задоцнување, дел воопшто не можеа да стасаат до станицата на Средно Водно, некои возила беа приморани патниците да ги оставаат на среде улица, а други поаѓања воопшто не се реализира.

Како би ги избегнале овие ситуации и викендов што претстои, апелираме на поголема совесност кај дел од граѓаните, како и на толерантност од страна на патниците доколку застоите се повторат и викендов, имајќи во предвид дека возачите на ЈСП Скопје се приморани да реагираат согласно условите на терен.

Истовремено, потсетуваме дека возењето со линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории на патници за време на викенди и државни празници“, се вели во соопштението на ЈСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмска бркотница: Со „БМВ Х5“ и бегал на полицијата бидејќи носел 10 Пакистанци

Редакција

Казнет тетовец, кој со „бе-ем-ве“ на автопат „летал“ 300 километри на час 

Редакција

Уапсен скопјанец: Со закани по животот сакал да изнуди пари од жена што ја запознал преку социјалните мрежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница