еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студија во „Лансет“: Британскиот сој не предизвикува потешки форми на Kовид-19

Во научното списание „Лансет“ објавена е студија за многу заразна варијанта на коронавирусот, создадена во Велика Британија, т.н. британски сој.

Иако експертите досега тврдеа дека станува збор за поопасна варијанта на коронавирусот, според најновото истражување, британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои задолжително бараат хоспитализација или завршуваат со смрт.

Студијата опфаќа група од 496 ковид пациенти, примени во британските болници во ноември и декември минатата година и нивната состојба беше анализирана во компаративна студија со пациенти заразени со други варијанти на коронавирусот.

Резултатите од студијата покажуваат дека кај заразените со вирусот Б.1.1.7. не е потврден поголем ризик од сериозна клиничка слика и смрт отколку кај другите видови.

Британската варијанта на коронавирусот позната како Б.1.1.7. првпат беше откриена кон крајот на минатата година во Велика Британија и наскоро стана најраспространета во САД, потврдија од американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

МИА/Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кој пат излажаа за новиот автопат Миладиновци -Штип и зошто имаат потреба од тоа

Редакција

Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1. септември

Редакција

На 30 минути беше прекинато тргувањето на Македонската берза, индексот забележа пад од 8,39%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница