еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Можно е зголемување за 55% на заболените од рак до 2040 година, повеќе ќе заболуваат мажите

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година.

– Доколку стапката на рак остане стабилна, а растот на населението и стареењето продолжат паралелно, се проценува дека до 2040 година во светот ќе бидат регистрирани 28 милиони нови случаи на рак, објави СЗО.

До 2040 година, бројот на заболени од рак се очекува да се зголеми за 54,9 отсто во споредба со 2020 година, при што зголемувањето е за 60,6 проценти поголемо кај мажите отколку кај жените.

Ракот, втора водечка причина за смрт, секоја година се дијагностицира кај 734.000 луѓе, а во 2020 година, еден од шест смртни случаи се должи на канцер.

На повеќе од 19,2 милиони луѓе ширум светот им бил дијагностициран рак во 2020 година, додека повеќе од 9,9 милиони луѓе починале од оваа болест.

Околу 400.000 деца годишно заболуваат од рак ширум светот.

Од 30 до 50 проценти од смртните случаи предизвикани од рак може да се спречат со рана дијагноза и ефикасен третман, додека значителен број пациенти немаат пристап до навремена дијагноза и третман.

Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, најмногу случаи има во Азија – 9,5 милиони.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)

Редакција

(Фото+Видео) По одличниот настап на Танец и Влатко Стефановски во Белград, утре ќе настапуваат во Лисински во Загреб

Редакција

Нови 164 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 85

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница