еМагазин
Image default
Македонија

Талевска: Додека го одржуваме овој протест пред ОЈО во просториите на „Нетпрес“ се врши претрес за објавена истражувачка сторија

Претседателката на Македонската асоцијација на новинарите, Ивона Талевска на протестот што се одржа пред Обвинителство, откако од таму, покренаа постапка против Александар Митовски од „Инфомакс“ за објавениот записник од случајот „Рекет“, побара да запре прогонот кој според неа се врши врз медиумите и новинарите, пренесува А1он.

„Овој протест на МАН  е под мотото „На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсење, прогон и обвиненија“ и тоа сакаме да го порачаме. Додека го одржуваме овој протест пред ОЈО во просториите на „Нетпрес“ се врши претрес за објавена истражувачка сторија. Тоа се методите на ОЈО. Се водат над 60 истраги, предистрагии процеси против медиуми и новинари кои не се блиски на актуелната владејачка структура. Тоа го правеше СЈО, сега го прави ОЈО“, рече Талевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Обвинителство објаснуваат што е тоа оддавање на службена тајна

ЗНМ: Обвинителство треба да ги гони лицата што ги изнеле записниците, а не оние што ги објавиле

Обвинение за новинар од порталот „Инфомакс“ за објавување на записникот од „Рекет“

Фото: Фејсбук/Талевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Фондот за здравство тврдат дека податоците на граѓаните се безбедни и дека не се украдени

Редакција

Уставниот суд образложи зошто се зголемени примањата на судиите

Редакција

Џафери: Собранието ќе заседава по избори, се друго е обид за пуч

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница