еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Таравари: Моите пациенти кои го прележале Ковид-19 имаат невролошки проблеми

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој е доктор по професија за телевизијата ТВ 21 вели дека неговите пациенти поради пандемијата со Ковид-19 имаат невролошки проблеми.

„Денеска се јавувам од Клиниката за неврологија и верувајте дека повеќе од половина од пациентите кои ги прегледав денеска, кои беа над 50, се случаи кои го прележале Ковид-19 и сега имаат невролошки и психички последици.

Самото затворање поради пандемијата во 2020 создаде кај луѓето некаква фобија, страв од болеста кај луѓето, посебно кај нас кои го прележавме вирусот.

Штом Комисијата за заразни болести даде дозвола за одредени олеснувања на мерките мислам дека сите луѓе, не само во Гостивар, Тетово, Полог, регион, во светот се ослободија, мислејќи дека ќе се вакцинираат и целата приказна за Ковид-19 заврши“, рече Таравари во вестите на ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пандемијата на коронавирусот долгорочно ќе влијае на менталното здравје, велат од СЗО

Психологот Велески за менталните последици од Ковид-19: Егото го расипува телото, треба да се подготвиме за заштита

Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски: Имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот посто

Редакција

Утре кон крајот на денот пороен дожд, грмежи, ветер и услови за локално невреме

Редакција

Од срцев удар починало 26-годишното момче од Виница, семејството замоли за почит и да престанат шпекулациите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница