еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТЕЦ Осломеј не произведува струја, превентивно исклучен

Термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен и кој дел подлежеше на санирање, информираат од АД ЕСМ.

“Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа.

Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет.

Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 17.454MWh електрична енергија, што далеку ги надминува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи (регулираниот пазар), а покрива и најголем дел од дополнителните снабдувања на субјекти на слободниот пазар, доделени на снабдување на ЕСМ Продажба со посебни одлуки на Владата во текот на енергетската криза,” се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штедачите од Еуростандард „вперија прст“ кон Народната банка: Како не видовте дека се делат сомнителни кредити?

Редакција

Скопје, Штип и Гостивар рекордери по новозаболени од корона вирусот

Редакција

„Делукс-ауто“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на три лимузини вреден 70.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница