еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Катастрoфални поплави во Германија: 30 лица исчезнаа, десетици куќи пред рушење

Околу 30 лица се водат како исчезнати по уривање на шест куќи во германскиот град Шулд, во провинцијата Рајнланд-Фалц, поради поплави и поројни дождови, објави локалната РТВ – Ес-Ве-Ер.

Невремето и обилните дождови посебно ги погодија покраините Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, но и Баден Виртемберг, Баварија и Саксонија.

Улиците во повеќе населени места се под вода, што на места целосно ја оневозможува интервецијата на екипите на противпожарната служба и на службите за медицинска помош. Од поплавите се заканува уривање на повеќе куќи, некаде водата е стигната до покривите. На уште 25 куќи им се заканува уривање, соопшти локалната полиција.

Во општината Арвајлер е прогласена вонредна состојба поради природна непогода, повеќе населби се отсечени од светот.Во местото Шулд во Рајнланд-Пфалц поради поплави се урнале шест куќи, во Арвајлер луѓето се спасувани од покривите. Има информации и за загинати.

Видео/фото: Unbelievable Events

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Motorola претставува специјaлна едиција razr и edge уреди: Првите и единствени смартфони во Pantone бојата за 2024 година

Редакција

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот, брашното и пецивата за најмалку 10 отсто

Редакција

Независноста на Доњецк и Луганск е по примерот на косовскиот преседан, му кажал Путин на Гутереш

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница