Од Град Скопје на Фејсбук информираат дека по објавеното видео на социјалните мрежи, каде што е прикажано непрописно паркирање на јавна површина на улицата Македонија, градските инспектори веднаш реагирале и го казниле сторителот со казна од 50 евра.
На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи се гледа дека сторителот на делото го паркирал возилото во близината на споменикот на Цар Самоил на плоштадот „Македонија“ во Скопје, клекнува и се моли пред споменикот.
И тоа не е се од случувањата на плоштад pic.twitter.com/FK1wSZnO4A
— Оќеебрат 😎 (@zmicenamice) December 28, 2020
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) ТикТок „фраерот“ што возеше по вело патека казнет, возилото времено одземено
Фото: Википедија/Град Скопје