еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставиле барања за субвенции за воведување нови авиолинии

Во Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На јавниот повик кој што траеше од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставија две авиокомпании: „Виз Ер“ и „Луфтханза“.

Како што информира Министерството, Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените крутериуми во јавниот повик.

Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

-Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Северна Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија, наведува Министерството за транспорт и врски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го повлече предлог-законот за учебници, по јавна дебата ќе биде вратен во Собранието

Редакција

„ЗК Пелагонија“ го продава „Комплекс Александрија“ за најмалку 10,5 милиони евра

Редакција

(Видео) Во Тетово убиен маж од возило во движење

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница