еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 227: Само 1 новозаболен здравствен работник со коронавирусот во Македонија

Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот, но за прв пат по подолг временски период, растот е минимален.

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кои еМагазин секојдневно ги пренесува, регистрирани се 227 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно 25. април или 16,4% од вкупниот број.

До 24. април, бројот изнесуваше 226, до 23. април, 222, до 22. април, 218, до 21. април, 214, до 20. април, 210, до 16. април, 194, до 14. април, 143, до 13. април, 126, до 12. април, 121…

Бројот на излекувани здравствени работници, заклучно со 25. април, според податоците на ИЈЗ, останува 38.

Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Велес, Кочани, Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кардиоваскуларна болест имаат најголем дел од заболените од Ковид-19 во Македонија

Двете новопочинати лица од коронавирусот во Македонија имале претходни заболувања

Нов национален рекорд: Во Куманово 260 заболени од коронавирусот на 100.000 жители

Повеќе мажи, најмногу над 60 години, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 356 случаи на Ковид-19 од 1.906 тестирања

Редакција

Рашковски бара судот да му го врати пасошот

Редакција

11 починати лица од Ковид-19, вкупно до сега 8.747

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница