еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција избира претседателски кандидат: Деветмина во трка

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го избере претседателскиот кандидат на Конвенцијата која ќе се одржи во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Конвенцијата, како и претстојната кампања за претседателските избори ќе биде под слоганот „За честита Македонија“.

„Овој слоган значи дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде честит човек, спротивност на погубните политики кои ги води власта, како што се промената на Уставот, корупцијата, криминалот и немањето никакви резултатите на економски план“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во трката за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ се Никита Шекутковски – професор, Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов – фармацевт, Влатко Ѓорчев – пратеник, Гордана Силјановска – професор, Илија Димовски – професор во пензија, Филип Петровски – ексдиректор на државниот Архив, Горан Ангелов – директор на „Дрисла“ и Сашо Кутлешовски – професор.

На конвенцијата право на глас за избор на претседателскиот кандидат ќе имаат 551 делегат.

За да се избере кандидатот на партијата во првиот круг тој треба да освои 1/3 од гласовите на делегатите, односно за него да гласаат најмалку 184 партиски членови.

Ако ниту еден од деветте кандидати во првиот круг го нема потребниот број гласови, тогаш истата вечер ќе се одржи втор круг гласање, во кое ќе учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови.

На почетокот на конвенцијата пред делегатите и претседателските кандидати ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а потоа ќе се претстават сите девет кандидати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

Кој е бизнисменот Мансаков, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

И директорот на Дрисла во трка за претседател на државата: Кој е Горан Ангелов

Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата

(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејството на Кико донираше 500 илјади денари за респиратор за малиот Стефан

Редакција

Бранко Црвенковски: Потпишувањето на договорот со Бугарија со формулацијата за „заедничка историја“ беше голема грешка

Редакција

Нови 609 случаи на Ковид-19, во Скопје 276

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница