еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска променливо облачно и студено со сончеви периоди

Минус девет степени се измерени изутрина во седум часот во Попова Шапка, каде има снежна покривка од 11 сантиметри. Четири степени по нулата се регистрирани во Маврови Анови и Крушево, – 3 во Лазарополе, -2 во Берово, Претор и во Дебар, -1 во Охрид, 0 во Битола, Прилеп, Крива Паланка, Струмица, 2 во Тетово, Виница, Куманово, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, а 6 во Гевгелија и во Дојран.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, освен во југозападните делови и на крајниот југоисток каде утрово е сончево со мала облачност.

Дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 78-годишна возраст почина бизнисменот Силјан Мицевски

Редакција

ЦУК предупредува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, поради најавите за нестабилно време

Редакција

Што е ТианДе и зошто ТианДе?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница