еМагазин
Image default
Локално

Загина 18-годишно момче, а четири се повредени во сообраќајка на патот Пробиштип-Крупиште

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на регионалниот пат Пробиштип-Круиште во близина на селото Бучиште, на самото место загина 18-годишно момче со иницијали В.Ј. од  Кочани, кое управувало со автомобил марка „сеад толедо“ со кочански регистарски таблички.

Во возилото имало уште четворица сопатници на возраст од 18 и едно на возраст од 17 години кои се повредени, од кои двајца се со тешки телесни повреди.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации на терен, несреќата е пријавена утринава во 4:25 часот, а се случила откако возачот изгубил контрола над возилото по што излетало од коловозот.

На самото место е починато 18-годишното момче, две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска вели дека едното од момчињата е со тешки телесни повреди на главата, извршена е интервенција од страна на неврохирург и се наоѓа во шок соба, а второто момче е со повреди на белите дробови и е сместено на Одделението за хирургија.

Извршен е увид на местото на несреќата од страна на истражните органи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска во продажба дневен билет од 120 денари за неограничен број користења во градските автобуси во Скопје во текот на еден ден

Редакција

Му се заканувал со пиштол поради нерасчистени долгови

Редакција

Автобус излетал од патот кај Демир Хисар – нема повредени патници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница