еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ победи на изборите во Србија

Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освои 46,4 отсто од гласовите на вчерашните избори во соседна Србија, или 129 мандати, врз основа на 80,2 отсто преброен гласови.

На второ место е „Србија против насилството“ со 23,3 отсто или 64 мандати.

На трето место е коалицијата на Социјалистичката партија на Србија, со 6,7 отсто или 18 мандати.

Коалицијата НАДА освои 4,8 отсто или 13 мандати.

Над цензусот е и листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – ние – гласот на народот“ со 4,8 отсто од гласовите, односно 13 мандати.

Од малцинските листи, Алијансата на Војводинските Унгарци се очекува да има шест мандати, коалицијата на Партијата за правда и помирување и Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина три мандати, СДА Сулејман Угљанин два мандата и по еден листата на Шаип Камбери и Руската партија.

Фото: Вучиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО испраќа дополнителни 700 војници на Косово и подготвува уште еден баталјон

Редакција

Четиримесечно бебе од Кочани најмлад пациент заболен од коронавирусот во Македонија

Редакција

Дарио Ивановски го собори македонскиот и својот личен рекорд во маратон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница