еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште една кривична за Рамиз Мерко: Именувал библиотекар за директор на училиште

Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко (67), кадар на опозициската ДУИ, заработи нова кривична пријава.

Истата ја доби од ОВР Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

-Тој, во својство на градоначалник на Општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 година донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село.

Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024 година, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова кривична за Мерко, незаконски именувал директорка

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кого е поднесено ново обвинение

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски за новите бугарски здруженија: За жал не извлековме поука од „Ванчо Михајлов“

Редакција

Македонскиот Олимписки Комитет одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да не претставува на Олимписките игри во Токио

Редакција

Тито Петковски: Местото на францускиот предлог му е на референдум

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница