еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Кого за Нова Година помилува претседателката Сиљановска Давкова

Во „Службен весник“ е објавен списокот на помилуваните лица за Нова Година од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

Во истиот нема познати имиња на јавноста, а помилувани се седум лица.

Само едно лице е целосно помилувано – Васко Доневски од Делчево.

Другите шестмина осудени се помилувани во траење од три месеца, а едно лице за три месеци и четири дена, што за него значи и потполно ослободување од извршување на остатокот од казната затвор на која било осудено.

Делумно помилувани се Јани Симон од Ресен, Христијан Димкоски од Прилеп, Ниметула Нухи од Скопје, Халим Адеми од Голема Речица, Магдалена Елисковска од Скопје и Ристе Јованов од Неготино.

Тие биле осудувани за сообраќајни несреќи, неовластено производство на оружје и тешка кражба.

Ова е прва одлука на новиот состав на Комисијата за помилување, по чие мислење се раководи претседателката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите членови на Комисијата за помилување

Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставка

Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тачи и Мијалков на суд: Во Кривичен суд судење за изборните нерегуларности од локалните во 2013 година

Редакција

И портпаролката на СДСМ, Кузеска оди во самоизолација имала кратка средба со Лукаревска

Редакција

Македонија и Јужна Африка воспоставија дипломатски односи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница