еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

30,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми, 66,2% имале контакт со потврден случај

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека 30,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија се без симптоми.

“Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=5.956; 95,9%), кај 1.805 или 30,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од нив, 1.195 или 66,2% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,1%), кашлица (43,1%), малаксаност (42,4%), треска (16,0%), главоболка (13,4%), болка во грло (13,3%) и отежнато дишење (12,6%)„, стои во анализата на ИЈЗ, заклучно со податоци до 28. јуни, која еМагазин редовно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно од Ковид-19 се заразиле 61 бремени жени, 29 биле без симптоми

78,8% од оздравените од корона вирусот во Македонија се лекувале дома

80,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања, 5% починале надвор од болница

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како правилно се става и вади маската за заштита која граѓаните задолжително ќе треба да ја носат

Редакција

(ВО ЖИВО) Почнуваат Зимските олимписки игри во Пекинг

Редакција

Заедно да гледаме и да навиваме за „Медена земја“: Во МКЦ музичко изненадување од дел од авторската екипа на филмот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница