еМагазин
Image default
Македонија

Тетовското обвинителство отвори истрага за функционерите Адеми, Нухиу и Емрули

Основното јавно обвинителство од Тетово води истрага против тројцата државни функционери, министерот за образование, Арбер Адеми, поранешниот заменик министер за внатрешни работи, Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 33 од Кривичниот законик, објави Факултети.

Информација за Факултети ја потврдила и основната јавна обвинителка од Тетово, Драгослава Поповска.

“Да, се води постапка против тројцата државни функционери за злоупотреба на службената положба и овластување. Предметот е во фаза на предистражна постапка“, вели Поповска.

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе пријава до Управата за финансиска полиција за тројцата функционери, за кои тврди дека добивале хонорари од Тетовскиот универзитет за настава додека работните места им биле во мирување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспекторот Илиевски деградиран на пониско работно место

На интернет петиција за поддршка на просветниот инспектор Ѓорги Илиевски

„Браво за храброста на инспекторов!: Твитерџиите со подршка за Илиевски кој обелодени дека владини функционери незаконски напредувале во академската кариера

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку гласови во Собранието се потреби за да Трајко Славески стане гувернер на Народна банка

Редакција

Измени на Изборниот законик по локалните избори

Редакција

(Фото) Македонија отвори почесен конзулат во Едрене, за конзул именуван Есер Џевахир

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница