еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави против четворица вработени во Катастар: Консултанти од Србија им ги полнеле џебовите

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против четири лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, информираат од таму.

„Обвинетите, вработени како службени лица во Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, со искористување на својата службена положба и овластување и спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижности, склучиле договори за извршување консултантски услуги со Републичкиот геодетски завод Србија.

Договорите биле склучени на ист датум во декември 2016 година, во рамките на Проект за управување со недвижности, а врз основа на нив на обвинетите им биле исплаќани средства во текот на повеќе месеци во 2017 година.

На овој начин, секој од обвинетите, во зависност од својот ангажман, за себе прибавил противправна имотна корист од поголема вредност – односно 1.000.541 денари, 763.031 денари, 753.072 денари и 930.378 денари соодветно“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен кумановец, одзел пари од вработена во казино

Редакција

Внимателно и денеска на планина: Полицајци со ратрак евакуирале неколку млади од Попова Шапка

Редакција

39-годишен маж од Скопје загина во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница