еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Националната агенција ја демантираат директорката од Битола за патувањето во Софија: Училиштето нема добиено грант од „Еразмус“

Од Националната агенциија за образовни програми за телевизијата 24 демантираат дека училиштето „Ѓорѓи Наумов“ од Битола има добиено грант од „Еразмус“.

Од Агенцијата велат дека посетата на директорката и заменик-директорот на училиштето на Софија не била во рамки на програмата „Еразмус“, ниту дека бугарската фондација “Бугарска меморија“ би можела да биде партнер на македонската програма на „Еразмус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наши ученици не беа во Софија, директорката на битолското техничко училиште ја демантира бугарската фондација

Претходно директорката на училиштето, Жанета Сервини соопшти дека била во посета на Бугарија за да воспостават „Еразмус“ соработка со училишта во Софија.

Таа регираше откако фондацијата „Бугарска меморија“ објави фотографии на кои е и таа, заедно со ученици, кои фондацијата ги претстави како „истомисленици“ на контроверзниот бугарски клуб „Иван Михајлов“.

Фондацијата е основана од бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската фондација која ги финасира бугарските клубови во Македонија шири лажни вести

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Фото: Фејсбук/Бугарска меморија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Второодделенец од радовишко Подареш позитивен на Ковид-19

Редакција

Министерството за транспорт и врски склучи договор со Жикол вреден 1,3 милион евра

Редакција

Кој сака да ја купи клиниката „Жан Митрев“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница