еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТЕЦ Неготино вклучен на мрежа и почна да произведува струја

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20 часот и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90 мегавати по котел, информираат од ЕСМ.

-Во моментов произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот.

Вкупниот капацитет за производство на ТЕЦ Неготино изнесува 180 мегавати, односно инсталиран капацитет колку што има еден блок на РЕК Битола, соопшти ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека ремонтните и сервисните активности во ТЕЦ Неготино завршија пред 24 часа, по што се пристапи кон вклучување на електраната.

-По изградбата на ТЕЦ Неготино во 1978 година, ова беше прво отворање и големо ремонтирање на генераторот, прецизираат од ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекторите веднаш ќе може да затворат угостителски објекти кои ги кршат Ковид-протоколите

Редакција

Продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 168.000 евра

Редакција

Детален преглед: МНР објави корисни информации за нашите граѓани кои корона вирусот ги затекна во странство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница